СО ОГРОМЕН ЕНТУЗИЈАЗАМ И РАБОТА ВО ТРИ СМЕНИ ВРЕДНИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА БЕТОНИРА ПРЕТПОСЛЕДНАТА ПЛОЧА И ЈА ИЗВИШИ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ НА ВИСOЧИНА ОД 54 МЕТРИ

Со посветена работа од 21 час, непрекинато, во три смени, вредниот тим на Адора инженеринг до доцна во ноќните часови ја бетонираше претпоследна плоча на 17-то ниво над земја, со што атрактивниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје се извиши на 54 метри висина.

Работејќи со особена внимателност за безбедноста на работниците и висококвалитетна изведба на објектот, високостручниот тим на компанијата предводен од главниот инженер Стефан Орачески, искусните инженери Радослав Сименов, Блаже Манаилов и Ристе Ефтимов, под будното око на генералниот менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за помалку од едно деноноќие изгради армирано-бетонска плоча со вкупна површина од 2.000 м², во која се вградени 500 м³ бетон МБ 40 и 80 тони арматура, што е гаранција за цврста градба со висока асеизмичка стабилност. Со поставената плоча на 17-то ниво на висинска кота од 54 метри, маркантниот препознатлив објект Адора Flatiron Скопје се наближува кон највисоката точка од 58 метри, за што преостанува да се бетонира последната плоча и да се изгради покривот на објектот. Овој нов урбан симбол во централната зона на Скопје, на само 1 км оддалеченост од главниот плоштад Македонија, како објект на 21 ниво, е еден од ретките во Скопје со три нивоа под земја со 394 паркиралишта, приземје и мезанин со ексклузивни деловни простории и 16 ката со елитни станови и луксузни пентхаус станови со прекрасен поглед на македонската метропола.

Менаџментот на Адора инженеринг им честита на сите вработени во компанијата и особено на вредниот оперативен градежен тим и вредните мајстори, што со огромен ентузијазам, професионализам и посветена работа, во рекордно време од 21 час, ја изгради претпоследната плоча на објектот Адора Falatiron Скопје, што е круна на 14 годишното работење на овој потврден градежен бренд.

P1060592 (2)

P1060556 (2)

P1060573 (2)

za web (2)

Adora Flatiron Skopje denski render