Инспирација

Умешност е инспирирајќи се од универзалното, светско културно наследство, да создадеме современ објект, усовршен со сите атрибути на 21 век.

Идејата за изградба на Адора Flatiron во срцето на Скопје е инспирирана од славната зграда Fuller Flatiron, култната архитектонска икона на Менхетн, импозантно здание изградено во 1902 година во срцето на Њујорк.

На првата средба со Големото јаболко во 1989 година, проф. д-р Ванчо Чифлиганец се воодушевува од совршената триаголна зграда во форма на железен чембер, знаменитиот симбол, национално, историско обележје на Њујорк. Сонот за изградба на македонскиот Flatiron, д-р Чифлиганец го остварува во самостојна Република Македонија, подигнувајќи атрактивен, маркантен,  препознатлив градски симбол во Скопје, кој го донесе урбаниот шарм и дух на Њујорк во македонската метропола и на Балканот.

Адора Flatiron, Македонија ја стави на мапата на светско културно наследство со безвременска архитектура. Скопје застана рамо до рамо со познатите метрополи, каде граѓаните имаат можност да живеат во објект со светски стил и квалитет на домување и да ги уживаат придобивките од современите трендови, стандарди и иновации за комфорно домување.

Flatiron by Адора е градителска круна на 15 годишната успешна работа на компанијата Адора инженеринг, дело на посветена и пожртвувана работа на 400 вредни и искусни македонски неимари.