ПРЕПОЗНАТЛИВ ЕКСТЕРИЕР – АРХИТЕКТУРА ШТО ВОСХИТУВА – УРБАНИОТ ДУХ И ШАРМ НА ЊУЈОРК ВО СКОПЈЕ
Надворешната архитектура на комплексот Адора Flatiron Скопје е инспирирана од изгледот на една од најславните згради во светот, Fuller Flatiron на њујоршки Менхетнт, што со триаголната форма лоциран меѓу двете славни улици Петтата авенија и Бродвеј, совршено се вклопи во триаглестата локација во градскиот крвоток на Скопје, на булеварот Борис Трајковски, во месноста позната како Стара Рампа. Македонскиот Flatiron со екстериерот потсетува на препознатливиот симбол на Менхетн, националното историско обележје на Њујорк, еден од најубавите градови во светот, кој е синоним за врвно урбано живеење. Адора Flatiron, со сигурност го донесе урбаниот дух, шарм и врвен стил на домување и бизнис од Њујорк во современо Скопје, што низ спој на старото и новото, на главниот град на Македонија и на овој дел од светот, му донесе нов симбол на 21 век. Flatiron by Адора израсна во препознатлив, заштитен симбол кој го редефинира урбаниот лик на македонската метропола, вклопувајќи се во просторот со современ, оригинален архитектонски израз за овие простори, кој зрачи со префинетост и универзална вредност.
Маркантната зграда Адора Flatiron е со висИна од 60 метри, има 16 катови, мезанин и приземје, три влеза, 7 експресни лифтови и распоред по 6 станови на кат во влез, со што нуди хумано домување и приватност на станарите. Објектот се состои од станбен дел во којшто има 234 модерни домови, 45 луксузни пентхаус станови, ексклузивен деловно-трговски центар со 29 деловни простории и 394 паркиралишта на три подземни нивоа. Посебност на комплексот му дава рустикалната органска фасада со нежни светли тонови, мермерот во подножјето, романтичните тераси со ограда од ковано железо, партерното уредување на околниот простор и внимателно осмислените детали низ целиот комплекс. Ексклузивна атракција се модерните пентхаус станови на 14, 15 и 16 кат, кои во централното јадро нудат спокоен живот на 50 метри над земја, без врева и загадување, овозможувајќи им на станарите сопствено парче сино небо и прекрасен панорамски поглед со отворена перспектива кон строгиот центар на Скопје, на падините на Водно, реката Вардар и другите делови на метрополата.
Објектот, архитектонски, естетски и функционално, совршено се вклопува во просторот на булеварот „Борис Трајковски“, на почеток на Општина Кисела Вода, Скопје, со сообраќајна инфраструктура од сите страни, лесно достапен пеш, со возила и со јавниот градски превоз. Обезбеден е пристап за непречено движење на инвалидизирани лица. Посебна атракција на објектот Адора Flatiron Скопје е неговата илуминација во ноќните часови, кога тој зрачи со светлина како своевиден украс на централната урбана зона на Скопје.
Зградата Адора Flatiron Скопје е постојана мета на камерите, фотографските објективи и мобилните телефони на скопјани и посетителите на главниот град. Овој нов урбан симбол во срцето на македонската метропола е инспирација за снимање на музички и видео спотови, а купувачите на стан или минувачите покрај објектот, често разменуваат фотографии и видео записи на тема Адора Flatiron на социјалните мрежи.
ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ
Следејќи ја 15 годишната традиција за озеленување и хортикултурно оплеменување на околината на сите изградени објекти, почнувајќи од првиот, „Адора инженеринг“ продолжи со засадување на зелени еко-појаси и паркови и на просторот околу комплексот Адора Flatiron Скопје. Партерното уредување пред објектот Flatiron е облагородено со зелени садници, клупи, канделабри, чешма со вода, автентичен часовник, урбано уреден и осветлен простор за станарите, посетителите и минувачите.
Посебна атракција е ноќната илуминација на комплексот, во што уживаат и станарите и минувачите покрај грандиозниот комплекс Адора Flatiron Скопје. Сликата на овој нов урбан симбол кој со својата грандиозност е место на распознавање и ориентација во центарот на Скопје, често се гледа на фотографските и видео записи на скопјани и гостите во македонската метропола.
Адора инженеринг, која за грижата за животната средина со изградба на зелените, еко домови и зелените појаси има добиено голем број награди и признанија за општествената одговорност, се води од идејата за оплеменување на урбаниот живот на граѓаните со „селење“ на природата во градот!