Карактеристики

СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

 

ул. „Борис Трајковски“ бр.1, Скопје, Македонија.

Имотен лист бр. 56610 КО Кисела Вода 1.

Уникатниот станбено-деловен објект Адора Flatiron Скопје е грандиозно здание со височина од 60 метри, препознатлив стил и впечатлива архитектура.

На 16 катови има 279 модерни, функционилани, комфорни домови и луксузни penthouse станови, со површина од 31 до 270 m².

Во комплексот има А-класа Бизнис центар со посебен влез, лифт и 29 ексклузивни деловни простории, со површина од 50  до 1.773  m².

Објектот располага со 394 сопствени паркиралишта за возила на 3 подземни нивоа и посебен простор за паркирање на велосипеди.

Комплексот има 3 засебни влезови за становите и 7 екстра квалитетни, експресно брзи, бесшумни лифтови.

Распоредот на становите е по 6 на 1 кат, во 1 влез, со цел на станарите да им се овозможи хумано живеење со приватност во домот.

Во комплексот има домарска служба која 24 часа е во функција и на услуга на станарите и посетителите.

 

 

СТАНОВИ

  • Најдобар отворен панорамски поглед во Скопје. Kон центарот на главниот град и Шар Планина, падините на Водно и Скопска Црна Гора.
  • Цврст, асеизмички стабилен дом, докажано со вештачки земјотрес.
  • Звучна изолација до 53 db, 80 % над македонските стандарди, со сертификат за акустичен комфор.
  • Енергетска ефикасност А-класа со сертификат, органска фасада што дише, користење на обновливи избори на енергија.
  • Екслузивно ентериерно уредување со рафиниран стил, префинет дизајн и суптилно амбиентално осветлување.
  • Внимателно осмислен декор на заедничките простории за дружење на станарите  со природни материјали, уметнички дела, украси и егзотични растенија.
  • Атриум-централен внатрешен двор со стаклен покрив и отворен поглед кон небото.
  • Извор на изобилство природна светлина и свеж воздух во целиот комплекс и домовите.
  • Комплексот располага со 234 модерни домови од 1 до 14 кат и 45 луксузни penthouse станови на 15, 16 и 17 кат, со површина од 31 до 270 m².
  • Становите се со највисок квалитет, светски стандарди, современи технологии, иновативни решенија и бренд материјали за врвно урбано домување со комплетен комфор од сите аспекти.
  • Пространи ходници-коридори, амбиентално осветлени кои водат кон домовите.
  • Балкони со романтични огради од ковано железо на висина до 50 метри, максимална приватност во урбаното јадро и сопствено парче од небото.

 

ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ

  • Комплексот располага со 29 луксузни деловни простории со светски стил. Деловниот центар А-класа е сместен во приземниот дел и мезанинот.
  • Деловните простории се со површина од 50 до 1.773 m², со можност за спојување.
  • Одлична локација во урбаното срце на Скопје, со лесен пристап со јавен градски превоз, такси превоз, возила и пеш.
  • Деловниот центар има сопствен посебен влез, приемен пулт, влезно фоаје за прием на посетителите и сопствен модерен лифт.
  • Висина на деловните простории до 4,8 метри.
  • Објектот располага со сопствени паркиралишта на 3 подземни нивоа кои се користат и за потребите на сопствениците на деловните простории.