Во комплексот Адора Flatiron Скопје бетонирана е плочата над 9-ти кат, во која се вградени 392 м3бетон со цврстина на бетон МБ 35 и 50 тони ребреста и мрежеста арматура, а се работи на армирање, шелување и бетонирање на столбови и ѕидови од 10-ти кат. Стручниот тим од градежни инженери, потврдува дека посебно се внимава во употребата на материјалите и применувањето на повисоки стандарди од пропишаните, со што се гарантира висок квалитет и врвна стабилност на овој препознатлив комплекс.
Адора Flatiron Скопје на купувачите ќе им понуди голем избор на разновидни станови со површина од 31 до 268 м2, кои се одликуваат со функционалност и можност за уредување по желба на купувачот. Станарите во новата зграда ќе имаат можност да изберат и супер конфорен стан со прекрасен панорамски поглед на Скопје и центарот на главниот град, изградени според најсовремените трендови на penthouse луксузните станови во европските и светски висококатници.
Цврст и штедлив дом, кој во зима ќе троши двојно помалку енергија за греење, без потреба од клима уред во лето, се дел од придобивките кои граѓаните ќе ги уживаат во својот нов енергетски ефикасен дом А-класа од Адора инженеринг. Овој градежен бренд ќе придонесе за поквалитетен и пријатен живот, во уникатниот комплекст Адора Flatiron Скопје за домување од светски ранг.