СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Адора инженеринг како инвеститор што ја гради здрагата Адора Flatiron Скопје, за подизведувач ја има ангажирано реномираната компанија Факом од Скопје, која има повеќедецинска традиција и потврденост во градежниот сектор и конструкциите.

Денес при крајот на работното време, се случи технички проблем, со мали оштетувања на ангажираната автодигалка од страна на Факом, при што дојде до прекин на работата без никакви повреди, ниту оштетувања на објектот Адора Flatiron Скопје, ниту на соседните објекти. Факом ги презеде веднаш сите потребни активности за надминување на техничкиот проблем, без евентуална опасност за објектот и за околината. Стручната екипа на Факом веќе работи на терен и во најскоро време техничкиот проблем ќе биде надминат.