РОМАНТИЧЕН ВИНСКИ ВИКЕНД-ПОДАРОК ЗА СИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАН ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОД 1-ВИ ДО 20-ТИ ФЕВРУАРИ ПО ПОВОД ПРАЗНИЦИТЕ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

По повод празниците со кои на 14-ти февруари се слават љубовта и виното, Свети Валентин и Свети Трифун, Адора инженеринг за секој купен стан од 1-ви до 20-ти февруари, со склучен преддоговор и реализирана уплата, подарува романтичен вински викенд за двајца.  Традицијата на градежниот бренд за награди и изненадувања на своите купувачи, овој пат продолжува со организирана посета на реномирана винарија во Македонија, каде среќата од новиот дом купувачите ќе ја дополнат со прекрасен викенд за двајца, славејќи ја љубовта со квалитетни вина од македонското поднебје и интересни доживувања. Целта на Адора инженеринг е на своите купувачи секогаш да им понуди повеќе од дом, како внимание за нив и грижа за семејството, со што им возвраќа за довербата со изборот на стан од оваа компанија, подарувајќи им среќа плус.