Реномираната компанија Факом во текот на минатата ноќ експресно го санира техничкиот проблем на автодигалката на објектот Адора Flatiron Скопје и денес изградбата на овој комплекс, чиј инвеститор е градежниот бренд Адора инженеринг, продолжи непречено и целосно безбедно. Факом и Адора инженеринг ја известуваат јавноста дека при реализација на инвестициските проекти од градежништвото и високоградбата, не е исклучено да дојде до евентуални проблеми од техничка природа, но тие не треба да се преувеличуваат, драматизираат и непотребно да се создава паника, посебно кога нема никакви штетни последици. Адора инженеринг и Факом им благодарат на медиумите за коректното информирање и на сите кои покажаа разбирање за проблемот, што заедно со стручната интервенција, придонесе техничкиот проблем на автодигалката за брзо време да биде надминат. Објектот Адора Flatiron Скопје продолжува да се гради според зацртаната динамика, стабилност и квалитет.
Факом Скопје и Адора инженеринг секогаш ги сведуваат на минимум ризиците кои се придружна појава во секоја индустрија.