По повод 15 годишниот јубилеј на Адора инженеринг, граѓаните имаат ексклузивна можност до крајот на ноември да купат екстра квалитетен стан од 77 м² во новиот објект Адора Flatiron Скопје, по специјална, најповолна цена и да се вселат во новиот дом до крајот на 2017-та.
За ноемвриската промоција во пресрет на свеченото отворање на објектот, нашиот избор е комотен стан со две спални соби, простран дневен престој, две бањи, тераса со прекрасен панорамски поглед, на атрактивна локација во централното јадро на Скопје, само 900 метри од централниот Плоштад Македонија.
Со оваа промоција, купувачите имаат единствена можност со специјална
промотивна понуда, што важи само во ноември, најповолно да станат сопственици на стан од светски ранг во срцето на македонската метропола, да уживаат во комплетен комфор по најновите стандради за еко, квалитетно, штедливо и здраво домување и да добијат многу повеќе од дом. Сите купувачи на стан или деловен простор во Адора Flatiron, новиот препознатлив симбол за врвно урбано домување во Скопје и Македонија, се потенцијални добитници на специјалната награда Mazda CX-3 Crossover, што ќе биде извлечена на свеченото отворање на објектот, на крајот на годинава.