Градежната компанија Адора инженеринг преку одлична и долгорочна соработка со сите банкарски институции во Република Македонија, им нуди најповолно станбено кредитирање на купувачите на стан, под најдобри услови, со најниски каматни стапки.
Купувачите на стан во Адора инженеринг имаат можност да добијат станбен кредит и со само 10 % учество од целосната сума на станбениот кредит, да искористата каматна стапка почнувајќи од 2,9 %, да добијат информации, совети и помош при калкулациите за кредитот. Корисниците на станбен кредит за купување дом или деловен простор во Адора инженеринг, често имаат можност да искористат доста поволни и атрактивни промотивни пакети за станбено киредитирање во деловните банки во Македонија.
Високиот авторитет и кредибилитет на Адора инженеринг во банкарскиот сектор во Македонија, ја олеснува одлуката и ја забрзува процедурата за одобрување на станбените кредити. Финансискиот сектор во Адора инженеринг им е на располагање на купувачите на стан, со нудење на помош и совети за првичната калкулација на станбениот кредит, преку e-mail контактот analitika@adora.com.mk и во канцелариите на компанијата на ул. „Орце Николов“ бр. 182 А, наспроти Машински факултет, Карпош, Скопје.