[rev_slider alias="inner-slider"]

Адора Flatiron Скопје е синоним за стабилна, цврста градба со врвен квалитет и комплетен комфор од сите аспекти, еко, светлосен, топлински и акустичен. Примената на пионерски, иновативни решенија, современи светски стандарди, трендови и технологии овозможуваат квалитетно, функционално, здраво и економично домување.

 

ДОКАЖАНА АСЕИЗМИЧКА СТАБИЛНОСТ
ЦВРСТ ДОМ БЕЗ СТРАВ ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

Адора Flatiron Скопје е станбено-деловен објект со врвна статика, цврстина и асеизмичка стабилност, докажана со вештачки земјотрес, што на станарите им гарантира сигурност, спокоен живот без страв од земјотреси и мирен, безгрижен сон.

Врвната статика и геомеханичка стабилност на објектот се должи на неговата предимензионирана статика, армирано-бетонска плоча од 155 cm и зголемениот процент на вградено железо, арматура и бетон, што е од 40 до 63 % повеќе од проектираното. Армирано-бетонската конструкција на овој објект за 51,5 % ги надминува пропишаните стандарди и нормативи за изведба на објекти во високата градба во Република Македонија.

 

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ А-КЛАСА
ЕКОНОМИЧНО И ЗДРАВО ДОМУВАЊЕ

 

Адора инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, кои компанијата ги гради веќе десет години, уште кога оваа материја не беше законски регулирана кај нас.

ПРВ ИЗГРАДЕН ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТ СО СЕРТИФИКАТ А КЛАСА ВО МАКЕДОНИЈА

Енергетската ефикасност, што Адора инженеринг постојано ја подобрува и усовршува, во Адора Flatiron e издигната на високо ниво, за што објектот доби енергетски пасош А-класа од лиценцираната фирма ДЕЛТА Проект ДОО. За одбележување е дека со енергетскиот сертификат е верифицирано и користењето на обновливите извори на енергија, преку фотоволтаиците, за осветлување на заедничките делови nа комплекстот.

Адора Flatiron Скопје е првиот станбен објект во Македонија кој е обложен со органска фасада од светскиот бренд STO, реномиран производител на фасади со иновативни технологии.

Постојано унапредувајќи го квалитетот на објектите според современите светски стандарди и трендови, Адора инженеринг на купувачите им овозможува еко комфор и заштита на животната средина.

 

ФОТОВОЛТАИЦИ – ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКО ОСВЕТЛУВАЊЕ
БЕЗ ПОСЕБНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Сертификатот за енергетски карактеристики на зградата А класа, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА Проект ДОО, го верифицира користењето на обновливите извори на енергија во објектот Адора Flatiron Скопје.
За заедничкото осветлување во внатрешноста и надворешноста на комплексот, станарите нема да добиваат посебни сметки за струја. Посебна атракција е ноќната, надворешна илуминација на Адора Flatiron, која исто така се напојува од фотоволтаиците, правејќи прекрасна ноќна слика на комплексот, како благороден украс кој свети во срцето на Скопје.

 

СЕРТИФИЦИРАНА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА – 80 % НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТАНДАРДИ
ТИВОК ДОМ БЕЗ БУЧАВА

Адора инженеринг за прв пат во Македонија, во Адора Flatiron Скопје воведе систем на звучна изолација со индекс на звучна непропустливост до 53 db, во партнерство со светски познатата компанија Rigips Saint Gobain. За прв пат во Македонија во овој објект се верифицира звучната изолација со сертификат за акустичен комфор.
Со звучна изолација 80 % над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, со сертификат за акустични својства од светскиот бренд со 350 годишна традиција, RIGIPS ( SAINT GOBAIN ) на станарите во објектот Адора Flatiron, им се гарантира мирен дом, заштитен од „звучно загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во централното подрачје на Скопје.

 

 

СИГУРНИ-ЕКСПРЕСНИ-БЕЗШУМНИ KONE ЛИФТОВИ

kone-logoКомплексот Адора Flatiron Скопје располага со седум, супер модерни, експресно брзи, бесшумни лифтови од реномираниот светски бренд KONE. KONE e докажана финска компанија која стотина години работи на светските пазари. Визијата на KONE е да се подобри протокот на луѓе во урбаниот живот. Од компанијата посочуваат дека го разбираат протокот на луѓе во и меѓу зградите, со што патувањето до домот треба да биде безбедно, брзо, удобно и сигурно.

Во секој влез во Адора Flatiron има по два лифта, а посебен лифт има во деловно- трговскиот ценатр. Електричните патнички лифтови KONE се со паметни звучни табли, иноксни автоматски лизгачки врати. Покрај брзината во превозот, особена предност на лифтовите KONE е нивната бесшумност, со што и овој дел од комплексот Адора Flatiron Скопје дава придонес во еко концептот за заштита на станарите и посетителите од звучното загадување.

 

 ПРОТИВПОЖАРЕН СПРИНКЛЕР СИСТЕМ

Станбено – деловниот комплекс Адора Flatiron Скопје располага со противпожарен спринклер систем, за детектирање и автоматско гаснење на евентуален пожар, со што се гарантира безбедноста на станарите и посетителите на објектот. Благодарение на сопствениот резервоар со вода, преку спринклер системот се детектира пожар во затворен простор, и со автоматско активирање ( пукање на ампула ) на одредена температура, се гаси пожарот со распрскување на млазеви под притисок кон местото зафатено со огнот.

ПОДОВИ ОД ДВОСЛОЕН ПАРКЕТ ОД ДАБОВО ДРВО

Во домовите во објектот Адора Flatiron поставен е под од дабово дрво во двослоен паркет од српскиот производител ТАРА со долгогодишна традиција, кој ги задоволува потребите за најсовремени подни површини и располага со голем број на производи кои ги следат светските трендови. Дрвото како жив материјал реагира на светло, температура, влажност и други влијанија. Општо правило е дека на вистински дрвен под му се неопходни четири годишни времиња за да се прилагоди на опкружувањето, околината. Колку паркетот е подолго во Вашиот дом толку бојата ќе биде помека и потопла, што е процес кај сите природни материјали. Процесот на оксидација ќе заврши како и влијанието на УВ зраците и сонцето, тој процес се случува и кај мебелот и кај теписите, тоа е природно.

ЅИДНА И ПОДНА ЌЕРАМИКА ROCA

roca Во домовите во објектот Адора Flatiron Скопје, вградени се плочки од реномираната шпанска компанија ROCA, која слави 100 од основањето бележејќи одлични бизнис резултати, потпирајќи се на квалитетот и довербата на купувачите. Благодарение на добрата пазарна конкуренстност, богатиот префинет дизајн на производите и следењето на светските трендови, овој бренд е присутен во 135 држави во светот. Санитарната ќерамика ( моноблок и конзулни школки ) во бањите во објектот Адора Flatiron се производ на премиум брендот LAUFEN дел на групацијата ROCA.

KOLPA SAN – ОПРЕМА ЗА КУПАТИЛО

kolpasan KOLPA SAN, Словенија, претставува водечки производител на опрема за купатила во средна и југоисточна Европа. Производителот KOLPA SAN ги задоволува сите стандарди за производство на високо квалитетна санитарија и Page 4 of 4 опрема за бањи. KOLPA SAN брендот нуди безбедност, уживање, восхит и беспекорен квалитет од 100% во една современа бања.

ЧЕШМИ И КАЗАНЧИЊА GROHE

grohe_logoВо бањите во објектот Адора Flatiron поставена е санитарна опрема GROHE, водечки снабдувач на санитарна опрема и глобален бренд, посветен на обезбедување иновативни производи за вода. Во текот на многу децении, GROHE е посветен на бренд вредностите на технологијата, квалитетот, дизајнот и одржливоста. Голем број објекти ширум светот се опремени со производи GROHE, кои го потврдуваат квалитетот на овој светски бренд.