„Со изградба на Адора Flatiron, новиот препознатлив урбан симбол во централното подрачје на Скопје, се оствари уште еден мој голем сон за реализација на вредно дело со универзално значење. Неимарската желба од мали нозе за градење куќички, потоа домови и станбени згради, резултира со изградба на 40 репрезентативни објекти во Македонија, каде околу 2.800 семејства, или 13.000 станари, имаат сигурен, топол и среќен дом.
Идејата за изградба на овој по многу нешта уникатен станбено-деловен комплекс во Македонија, инспириран од светски познатата зграда Fuller Flatiron, култната архитектонска икона на Менхетн, потекнува од 1989 година, кога прв пат го видов Њујорк и се воодушевив од ова здание изградено во 1902 година. Среќен сум што овој мој сон го остварив во самостојна Република Македонија, со изградба на грандиозниот објект Адора Flatiron Скопје, што њујоршкиот урбан дух и врвен стил на живеење го донесе во срцето на македонската метропола. Во реализација на овој ексклузивен објект, го вградив целото знаење и стручност, стекнати во мојата четиридецениска плодна, професионална кариера и богатото животно искуство. Во идејното осмислување, проектирањето, изградбата, опремувањето, уредувањето и „филигранското брусење“ на FLATIRON by АДОРА, своето стручно знаење, искуството и инвентивноста, низ пожртвувана работа, ги вгради целиот менаџерски тим, врвните архитекти, инженери, стручњаци за енергетска ефикасност, звучна изолација и еко домување, економисти, правници, експерти за недвижности, маркетинг и други високи професионалци, вработени во Адора инженеринг, реномирани консултанти од Македонија и Европската Унија, голем број соработници и пред сѐ, неколку стотици вредни мајстори, градители и неимари, докажани во светот.
Во реализација на нашето најмаркантно градителско дело, атрактивниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, Адора инженеринг инвестира повеќе од 22 милиони евра, многу труд и знаење, макотрпна работа и искрена љубов. Нашиот градителски подвиг, инспириран од светското урбано и културно наследство, прерасна во едно од најубавите, највпечатливи и најврдени обележја на современо Скопје, на Македонија, Балканот, Европа и светот, во 21-виот век