Ентериер
ЕКСКЛУЗИВНО ДЕКОРИРАН ЕНТЕРИЕР – УНИКАТЕН СТИЛ И ПРЕФИНЕТ ДИЗАЈН
Адора Flatiron, кој со својата надворешност го збогатува идентитетот на македонската метропола, правејќи го попријатно просторното живеење, со ентериерот и внатрешната архитектура го оплеменува социо-културното живеење на Скопје, нудејќи внимателно уреден објект за достојно домување на граѓаните, со избор на низа можности за заедничко комуницирање и богатство на услови за индивидуален стил на домување.
Централно место во ентериерот и главна инспирација за неговото креирање, што покрај врвната статика, дава посебен амбиент во внатрешниот простор на Адора Flatiron, е атриумот, отворениот средишен простор со стаклен покрив. Тој нуди директен поглед кон небото и вкрстувајќи ги внатрешните со надворешните патишта, е извор на изобилство природна светлина и свеж водух со природна вентилација и циркулација низ целиот комплекс, што е уникатна препознатливост на новите објекти на градежниот бренд Адора инженеринг.
Декотор на ентериерот на комплексот, внимателно креаиран од страна на искусниот тим архитекти во Адора инженеринг во соработка со реномирани дизајнери од европските држави, е современ, во чекор со новото време кој со природните материјали и внимателно осмислениот простор одлично кореспондира со надворешноста преку концептот на градење релација „надворешност со внатрешност“. Пространиот естетски обликуван хол, модерно уреденото фоаје е облагородено со природно зеленило, егзотични бонсаи дрвца и брендирани декоративни детали во целата висина на комплексот. Автентичноста на ентериерот се должи на декоративни подни и ѕидни облоги од природен камен, гранит и мермер Emperador и Botticinо, во хармонично нијансиран колорит, од најсветли до најтемни нијанси. Заедничките простории се декорирани со природни материјали и елементи со автентичен дизајн, големо огледало, уникатни поштенски сандачиња, раскошни кристални лустери и уметничката слика со славната зграда Fuller Flatiron во Њујорк, инспирација за изградба на македонскиот Flatiron. Сите влезови се амбиентално осветлени, со елегантни масивни рамки од мермер, декоративно украсени со специјална дизајнирана решетка, која обезбедува личен простор за станарите на зградата, што дискретно ги одвојува од деловните простории. Природно осветлените и добро димензионирани коридори по катовите кои водат кон домовите на станарите се модерни, пријатни места, благодарение на кои заедно со останатите функционални содржини, станарите објектот го доживуваат како мал град и вистинска урбана оаза за релаксација и оддишка од стресното секојдневие. Амбиенталното осветлување и внимателно осмислените заеднички содржини на станарите им нудат раскошна, пријатна, релаксирана и топла атмосфера за комуницирање, а вградените материјали и технологии на реномираните брендови, сигурност и домување со комплетен комфор по најновите светски стандарди и трендови.
Уникатни аспекти во внатрешноста на објектот се и обезбедениот паркинг простор за велосипеди и противпожарниот спринклер систем со резервоар со вода за интервенција при евентуален пожар.
Внатрешната архитектура на објектот со декоративниот дизајн и функционалноста на становите, им овозможува на станарите да се чувствуваат безбедни, комотни, современи, слободни и свои. Од особена важност е што објектот Адора Flatiron на станарите им нуди идеални услови за „хумано домување“, живеејќи во срцето на урбаната зона на главниот град, да имаат мир, интимност и приватност.
Почнувајќи од строго контролираниот влез во објектот, со приемен пулт и домарска служба што 24 часа е во функција на станарите и посетителите, преку украсните елементи и уметнички дела кои асоцираат на поврзаноста на македонскиот Flatiron со њујоршкиот, содржините за заедничко дружење во влезното фоаје и декоративниот внатрешен амбиент кој зрачи со футуристички чувства, ентериерот на Flatiron by Адора плени и никого не остава рамнодушен.
Комплексот Адора Flatrion Скопје е добитник на престижната светска награда The BIZZ 2016 во Монте Карло за иновативност во стилот и квалитетот во домувањето.