ДОКАЖАНА АСЕИЗМИЧКА СТАБИЛНОСТ ЦВРСТ ДОМ БЕЗ СТРАВ ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

Адора Flatiron Скопје е станбено-деловен објект со врвна статика, цврстина и асеизмичка стабилност, докажана со вештачки земјотрес, што на станарите им гарантира сигурност, спокоен живот без страв од земјотреси и мирен, безгрижен сон.

Врвната статика и геомеханичка стабилност на објектот се должи на неговата предимензионирана статика, армирано-бетонска плоча од 155 cm и зголемениот процент на вградено железо, арматура и бетон, што е од 40 до 63 % повеќе од проектираното. Армирано-бетонската конструкција на овој објект за 51,5 % ги надминува пропишаните стандарди и нормативи за изведба на објекти во високата градба во Република Македонија.

Од суштинска важност за врвната статика на Адора Flatiron Скопје е неговата триаголна форма и особено централното јадро-атриумот, што со армирано-бетонските платна му дава исклучителна стабилност и цврстина на целиот објект при евентуални поселини земјотреси. Стабилноста на објектот ја гарантираат и 25.000 m³ бетон со цврстина од МБ 40 до МБ 50 и 2.500 тони железо, вградени во 22 армирано-бетонски плочи на комплексот.

Адора инженеринг е прва компанија во Македонија, што стабилноста на своите станбени објекти научно и практично ја докажа со вештачки земјотрес во соработка со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и земјотресна сеизмологија ИЗИИС. Вештачките потреси кои не предизвикаа никакви оштетувања на објектите, станаа практика за потврдување на врвната статика и асеизмичка стабилност на објектите, што благодарение на универзалната методологија на градба, е препознатлива предност на сите градби на Адора инженеринг. И со објектот Адора Flatiron Скопје, Адора инженеринг ја афирмира асеизмичката безбедност во македонскиот градежен сектор, како и на ниво на Балканот, Европа и светот.

Видео материјал

Кажаа за FLATIRON

„Вештачките симулиран и потреси со јачина од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала, кои не предизвикаа никакви штетни последици на објектите, потврдија дека зградите на Адора инженеринг се издржливи на голем притисок и се сеизмички стабилни, што е гаранција за безбедност и спокоен сон на станарите.“

проф. д-р Михаил Гаревски, дир. на ИЗИИС и прет. на Македонската и Европската асоцијација на земјотресно инженерство