Адора инженеринг го изгради првиот енергетски ефикасен објект А класа, за што компанијата го доби првиот сертификат за енергетски карактеристики на згради А–класа во Македонија. Со тоа и официјално се верифицира дека станбените објекти на овој бренд се со одлична изолaција, еко домовите значително заштедуваат потрошувачка на енергија за греење и ладење и ги намалуваат трошоци и сметките за струја и емисијата на CO₂ во воздухот.
Енергетската ефикасност, што Адора инженеринг постојано ја подобрува и усовршува, во Адора Flatiron e издигната на високо ниво, за што објектот доби енергетски пасош А-класа од лиценцираната фирма ДЕЛТА Проект ДОО. За одбележување е дека со енергетскиот сертификат е верифицирано и користењето на обновливите извори на енергија, преку фотоволтаиците, за осветлување на заедничките делови nа комплекстот.
ЗОШТО ДОБИВАТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ?
• Се потврдува значително намалената потреба од енергија за греење што се должи на посебниот третман на обвивката на објектот.
• Фасадните ѕидови се изработени од термо блок со дебелина од 16 cm, внатрешно малтерисани, надворешно изолирани со 12 cm изолација со жлебови на преклоп (графитен ЕПС), завршно обработени со акрилен декоративен малтер.
• Фасадната столарија е од безметални ПВЦ профили, застаклени со трислоен термопан стакло пакет со нискоемисионо стакло.
• Кровната плоча над поткровјето е термички изолирана со два слоја изолација, (5 cm тврдо и 10 cm меко пресувана минерална волна), заштитена со ПВЦ фолија и паропропусна, водонепропусна фолија.
• Подната конструкција кон негреани простори, исто така е соодветно термоизолирана – над отворен простор (еркер, пасаж, паркинг) со 12 cm изолација со жлебови на преклоп (графитен ЕПС), кон локали со 5 cm изолација, кон гаражи со 10 cm изолација.
ПРОЗОРИ ОД РЕНОМИРАНИОТ БРЕНД REHAU GENEO FIPRO
Изборот на прозорци со безметални ПВЦ профили, застаклени со трислоен стаклопакет со едно четирисезонско стакло, со добра изолација на градежните конструкции го обезбедува условот за енергетски ефикасен објект. Прозорците што ги вградува „Адора инженеринг“ се од познатата германска марка Rehau Geneo Fipro, Во 2008 година е промовиран производот GENEO, целосно фабрички армиран прозорски профил со високо квалитетен матријал RAU-FIPRO, со кој енергетска ефикасност е доведена до совршенство. GENEO е енергетски најдобриот прозорски профил кој моментално го има на пазарот со длабочина на вградување од 86 mm. Она што го прави посебен е високотехнолошкиот материјал RAU-FIPRO со влакнесто мрежно врзување влакна, сличен на оние што се користат во аеронаутичката конструкција и тркачките возила, којшто овозможува голема стабилност на профилот.
Rehau прозорите обезбедуваат одлична термо и звучна изолација, што освен заштедата на енергија, намалувањето на трошоците за греење во зима и ладење во лето, овозможуваат и заштитата од еко загадување и звучно загадување, нудејќи им на станарите вистински мир и тишина во домот.
STO-ОРГАНСКА ФАСАДА ШТО ДИШЕ ЗА ЗДРАВ ВОЗДУХ ВО ДОМОВИТЕ
Адора Flatiron Скопје е првиот станбен објект во Македонија кој е обложен со органска фасада од светскиот бренд STO, реномиран производител на фасади со иновативни технологии.
Со STO, издржливата, фасада што дише, изработена од органски материи и фибер влакна, домовите во Адора Flatiron се отпорни на надворешните влијанија. Во време на климатски промени, дождови, ветрови, снегови и други надворешни фактори, фасадата STO, од што е изработен завршниот декоративен малтер на овој комплекс, гарантира долгогодишна трајност на бојата и отпорност на фасадата. Органската, сува, паропропусна и водонепропусна фасада STO е подготвена да одолее на сите предизвици, со одличната надворешна термоизолација, нуди целосна топлинска заштита на домовите и деловните простории и обезбедува здрав воздух во објектот Адора Flatiron Скопје.
Постојано унапредувајќи го квалитетот на објектите според современите светски стандарди и трендови, Адора инженеринг на купувачите им овозможува еко комфор и заштита на животната средина.