[rev_slider alias="inner-slider"]

Одберете квадратура по Ваш избор и прегледајте ги деталите за избраниот стан.

ВЕДНАШ ВСЕЛИВИ МОДЕРНИ И КВАЛИТЕТНИ ДОМОВИ СО ИМОТЕН ЛИСТ

 

Погледнете ги малиот број слободни станови со површина од 77 , 94 , 116 и 118 во комплексот Адора Flatiron Скопје и дознајте ги сите информации за просториите и содржините во нив, ориентацијата, вградените бренд материјали, опремата, карактеристиките и квалитетот.

Комплексот Адора Flatiron Скопје располага со 279 станови распоредени во три ламели со три влезови, со површина од 31 до 270 , од кои најголемиот дел се продадени и вселени.

Станарите во станбениот дел од комплексот, имаат можност да домуваат комотно, функционално, комфорно и интимно, со распоред на шест станови на еден кат во секој влез, опслужени со шест безбедни, екстра брзи и бесшумни лифтови од реномираниот светски бренд Kone.

Главни предности на становите се докажаната асеизмичка стабилност, што им овозможува сигурност и мирен сон на станарите, енергетската ефикасност А-класа, што им заштедува енергија и трошоци за греење во зима и за ладење во лето, органската фасада што им овозможува здрав воздух во домовите, фотоволтаиците на сончеви колектори за заедничкото осветлување, без посебни сметки за струја и сертифицираната звучна изолација, 80 % над македонските стандарди, со што домовите се тивки, без бучава од градската врева и соседите.

Становите во комплексот Адора Flatiron Скопје се изградени и опремени од  реномирани бренд производители. Ѕидната и подна ќерамика е со плочки од реномираната шпанска компанија Roca, двослојниот поден паркет од дабово дрво е од српскиот производител Тара, опремата за купатила и санитаријата е на  водечкиот европски бренд Kolpa san, чешмите и казанчињата во бањите се на  глобалниот бренд Grohe, сигурносните блиндор врати и собните врати се на докажаниот македонски бренд Проспера.

Становите уредени по мерка на купувачите, се одликуваат со современ стил и префинет дизајн, со максимална искористеност и организираност на просторот, со квалитет по светските стандарди и трендови и комфор од сите аспекти, нудејќи им на станарите урбано, спокојно и пријатно домување.