Интервју во бизнис магазинот КАПИТАЛ со Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг и проектантскиот тим на Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden
Двата последни бренд објекти кои во името гордо го носат предзнакот Адора, (Flatiron и Diamond Garden) инвестициски тежат повеќе од 70 милиони евра економски обрт во двете насоки. Во нив е вграден трудот и посветената работа на над 400 искусни стручњаци, професионалци од сите области и вредни мајстори, македонски градители. Секој вработен има свој уникатен придонес во претворањето на идејата во реализација, во која сега парче среќа, мир и интимност во новиот дом наоѓаат околу 2.000 станари.
Капитал разговараше со тимот на Адора инженеринг кој стои позади овие две архитектонски, градежни и дизајнерски „Пар екселанс“ достигнувањата во недвижностите во Македонија, своевидни „ремек дела“ кои домовите ги поместија надвор од нивните ѕидови. На компанијата и донесоа две престижни интернационални награди, за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето и за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, како и национални награди за долгорочниот проект за изградба на еко домови и за одговорен однос и заштита на животната средина. Зданијата го сменија досегашното сфаќање како треба да изгледа еден објект за колективно домување и што сѐ треба купувачот да очекува и да добие од новиот дом. Овие два бренд објекти несомнено направија „земјотрес“ на пазарот на недвижностите во Македонија и во условите во кои живееме и опстојуваме, умешно се вклопија во џебот и стандардот на македонскиот граѓанин, нудејќи му можност во уникатен амбиент да ужива во светските придобивки на современото домување.
Интервјуто со Душко Чифлиганец, Ванчо Ѓеорѓиевски, Нина Стрезоска, Марија Блажеска и Верче Поповска, прочитајте го со клик на линкот: https://kapital.mk/dushko-chifliganets-timot-pozadi-par-ekselans-nedvizhnostite-vo-makedonija-2/