

Адора Flatiron Скопје на купувачите им нуди голем избор на разновидни станови со површина од 31 до 268 м², кои се одликуваат со функционалност и можност за уредување по мерка на станарите.
Покрај стандардните елитни станови, граѓаните имаат ексклузивна можност во комплексот да изберат супер конфорни станови со прекрасен панорамски поглед на Скопје и центарот на метрополата, изградени според најсовремените трендови на „penthouse“ луксузните станови во висококатниците“.

Адора Flatiron Скопје е перфекцијата во неимарскиот стил со што Адора инженеринг се претставува пред купувачите. Историјата на компанијата е потврда за убавите дела кои ги создадовме, заокружени со овој совршен објект, кој ги афирмира највисоките стандарди на современото домување.
Адора инженеринг беспрекорно го гради своето реноме, потврдено со многубројните национални и меѓународни признанија. Заедно влегуваме во нов период на уште поголема доверба.
Адора е Вашиот дом, а Вие наша вечна инспирација.