ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ ЗА ДЕЦАТА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО И ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ 11 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

По повод 20-ти ноември, Светскиот ден на децата, менаџментот на Адора инженеринг и музичката ѕвезда Тамара Тодевска, ги посетија децата во СОС Детско село и Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, каде другаруваа со нив со многу љубов, емоции и топлина и на сите 120 деца во двете установи им подарија влезници за првиот солистички концерт на Тамара, што ќе се одржи на 27-ми ноември во Скопје. Децата згрижени во двете установи со големо гостопримство, радост и возбуда ги пречекаа Тамара и претставниците на Адора инженеринг со кои заедно пееа, играа, си подарија внимание, насмевки и прегратки, со желба заедно да дадат придонес во изградбата на поубаво и посреќно општество за сите.

„Децата се нашата иднина и одговорниот однос кон најмладата популација и ранливите категории граѓани, значи грижа за наше заедничко подобро утре . Една искрена детска насмевка и среќно детско срце вредат повеќе од сѐ на светот и затоа ние како општествена компанија со традиција, се погриживме сите 120 деца во СОС Детско село и Домот за деца без родители 11 Октомври да добијат влезници и можност да се забавуваат и другаруваат со музичката ѕвезда Тамара на нејзиниот спектакуларен концерт, што ќе се одржи под генерално покровителство на Адора инженеринг. И во иднина ќе продолжиме со скромните хумани активности кои веруваме дека имаат голем позитивен ефект врз ранливите категории во општеството, а нас не охрабруваат и ни даваат стимул, покрај градењето на топли, квалитетни и безбедни домови,  континуирано да продолжиме во инвестирањето и градењето на повесело, похумано, поздраво и посреќно општество, како заеднички дом на сите граѓани со еднакви можности“. – порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг.

Децата ги покажаа своите музички и танцувачки таленти пред гостите, се фотографираа со Тамара и дојдоа до идеја за специјално изненадување што ќе го приредат заедно со музичката ѕвезда на нејзиниот спектакуларен концерт на 27-ми ноември во Скопје. Раководството на установите искажа благодарност до  Адора инженеринг за хуманоста и грижата за децата без родители, на кои секое внимание и помош им е добредојдена.

Адора инженеринг, членка на Глобалниот Договор на ООН, најголемата светска иницијатива на општествено одговорни субјекти, за општествено одговорните практики во различни области, досега има добиено 14 национални признанија и три европски награди, кои се потврда дека компанијата е на вистинскиот пат и поттик да продолжи со овие активности и во иднина, сега и преку фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

DSCN0002-1024x768

DSC_0159-1024x685

DSC_0097-1024x685

DSCN00661-1024x768

DSCN0118-1024x768

DSC_0122-1024x685

DSCN0131-1024x768