ЧЕСТИТКА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

Адора инженеринг на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление-Водици. Нека е за многу години денот во чест на Христовото крштевање, кога со големиот Богојавленски водосвет се осветуваат сите води, во кои по светиот крст се фрлаат најхрабрите, а најсреќниот фаќач е благословен и даруван. Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во рамките на традиционалната општествена одговорност, во 2014-та година, во Охрид го даруваа Спомен обележјето „Фаќач на крст“ на местото каде се одвива церемонијата на фрлањето на крстот во осветените езерски води, а на брегот на реката Вардар во скопски Аеродром е подигнат православниот храм Свети Јован Крстител, чиј комплекс наскоро ќе биде заокружен со осветување на крстилницата.
Adora Bog se javi-01