КВАЛИТЕТНО И БРЗО СЕ ИЗВИШУВА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Бетонирана е плочата над трети кат, на комплексот Адора Flatiron Скопје, во која се вградени 390 м3 бетон, со цврстина на бетон МБ 35 и 50 тони железна арматура. Стручниот и професионален градежен тим на Адора инженеринг, работи квалитетно и брзо според динамиката на предвидениот план и проект за изградба, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на овој градежен бренд.

Новото препознатливо обележје во Скопје, кој ќе го донесе урбаниот дух на Њујорк, нема да претставува само квадратни метри, туку топол и среќен дом за повеќе генерации. Потврда за тоа е големиот интерес од страна на граѓаните кои за себе и своето семејство сакат да обезбедат квалитетна недвижност, иден дом со трајна вредност.

Новоизградените станови ќе имаат прекрасен панорамски поглед на Скопје, луксузен ентериер од реномирани дизајнери, застаклен внатрешен двор со природна светлина-атриум, тараси со целосна приватност. Адора Flatiron Скопје, на купувачите им нуди богат избор на станови со површина од 31 до 268 м2, како и премиум “penthouse” кои се градат според светските стандарди за енергетска ефикасност, асеизмичка стабилност, звучна изолација, со примена на современите иновации за квалитетен и пријатен живот. Со интензивните градителски активности, купувачите во рекорден рок ќе се вселат во нов, стабилен и атрактивен дом.

ATT_1445931990411_IMG_20151026_155002-1024x576

IMG_20151026_155008-e1445946856310-1024x757

P1050244-1024x576

flatiron-night_new2-1024x752