АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО НАЈИНОВАТИВНА ПРОГРАМА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALЕXPO 2017

Под слоганот „Пресели се за мене” на уникатен и препознатлив штанд од утре (28.02-11 ч.) започнува претставувањето на Aдора инженеринг на Саемот на недвижности 2017. На штандот на Адора на Скопски саем сите посетители и заинтересирани клиенти ќе добијат можност да се информираат за богатата понуда на овој градежен бренд и да доживеат сосема ново саемско искуство со популарните музички, актерски и радио ѕвезди, бројни изненадувања, забави и интересни случувања. Сите купувачи на стан или деловен простор на саемот, со склучен преддоговор и уплата од 30 % од вредноста, ќе учествуваат во наградната игра „Пресели се за мене“, во која најсреќниот купувач ќе добие вреден подарок дијамантски прстен. Правила на наградната игра:

„На овој саем Адора инженеринг ќе се претстави на еден поинаков начин и со  интересен слоган. На RealExpo 2017 започнуваме со кампањата „Пресели се за мене”, каде што потенцијалните клиенти во една опуштена пријателска атмосфера ќе може да го изберат својот иден совршен дом бидејќи за наc купувањето на нов дом е подеднакво важно како изборот на животен партнер, тој треба да е вистински, исполнет со љубов, да трае долго и да остане за идните генерации.  Се потрудивме да смислиме уникатна програма, па затоа на нашиот штанд секојдневно ќе има и дружење со познати уметници, а во петок, 3-ти март најголемата after work забава ќе биде токму на штандот на Адора инженеринг. За нашите купувачи за време на саемот, подготвуваме и едно дијамантско изненадување”, порача д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг.

На RealExpo Адора инженеринг, ќе се претстави со новиот објект во градба уникатниот Адора Diamond Garden во скопски Карпош, прекрасниот Адора Flatiron Скопје кој е во завршна фаза на локација само 900 метри од плоштадот Македонија и препознатливите објекти во општина Аеродром, на 10 минути пеш од центарот на Скопје.
Адора инженеринг ги поканува сите кои размислуваат да инвестираат во својата иднина и да си обезбедат дом изграден по сите светски стандарди да го посетат нивниот штанд кој ќе биде отворен од 28.02 до 04.03 од 10 до 19 часот.

Adora na Saem nedviznosti 2017