АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ЗАКИТИ СО СЕРТИФИКАТ „КОРЕКТНА ФИРМА“

IMG_20171005_141921Адора инженеринг доби сертификат „Коректна фирма“ за беспрекорна репутација и одлична етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите. Овој градежен бренд покажа одлично ниво на позитивни споменувања во интернет просторот во анализата на европскиот проект „Коректна фирма“. Притоа, не се детектирани негативни фрази поврзани со името на компанијата во медиумски, фејсбук, твитер и други објави. Високиот позитивен интернет коефициент на Адора инженеринг, во услови кога секој може сѐ да напише и објави на интернет медиумите, за компанијата е уште една потврда за нејзиното одличното реноме како лидер во високата градба во Македонија. Сертификатот „Коректа фирма“ за Адора е потврда и за врвниот квалитет на изградените домови и деловни објекти, за коректниот однос со клиентите и за истакнувањето меѓу фирмите во високата градба и пазарот на недвижности. Европскиот тренд на истражување на однесувањето и реакциите на интернет корисниците, во Македонија за прв пат го спроведе Друштвото за утврдување на коректни фирми  „Корект компани Скопје“, врз сите 50-тина илјади стопански субјекти, од кои 1800 компании досега се сертифицирани како „Коректни фирми“.

Sertifikat Korektna firma Adora inzenering

DCIM100MEDIADJI_0011.JPG

DCIM100MEDIADJI_0007.JPG