СО БРЗА, СТАБИЛНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ПОСЛЕДНАТА ПЛОЧА

Со бетонирање на плоча над 14-тиот кат, се продолжува градењето на комплексот Адора Flatiron Скопје, кое поради лошите временски услови кратко време беше прекинато. Одморени и со елан за работа,  стручниот тим на Адора инженеринг вгради 430 м3 бетон МБ 35 и 54 тони мрежеста и ребреста арматура, потврда за цврстината, квалитетот и сеизмичката стабилност на комплексот. Со интензивните градителски активности кои му даваат се појасен и дефиниран изглед на комплексот Адора Flatiron Скопје, се зголемува и интересот на граѓаните за купување на стан во овој комплекс, кој со препознатливата архитектура ќе го донесе урбанистичкиот дух на Њујорк во Скопје и ќе биде нов уникатен белег на Македонија и регионот. Со висина од 58м, Адора Flatiron Скопје ќе понуди 279 елитни станови со најдобар панорамски поглед во Скопје, 29 деловни простории и 394 модерни паркиралишта. Објектот со техничките карактеристгики ги следи светските стандарди за екологија, енергетски заштеди и иновации за квалитетен и пријатен живот, а на идните станари ќе им овозможи топол и среќен дом за нив и идните генерации.

IMG_0974

IMG_0970

IMG_0973

Adora Flatiron Skopje denski render