Живејте во новиот модерен урбан симбол на Скопје

Грандиозниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron е лоциран во срцето на Скопје, на само 900 метри оддалеченост или 7 минути пеш од централниот Плоштад Македонија, од кој се пружа прекрасен панорамски поглед на македонската метропола.

Објектот се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр. 1, веднаш до општина Центар, на почетокот на општина Кисела Вода, кај месноста позната како Стара Рампа.

Во близина на комплексот се голем број значајни институции во Скопје: Собрание на Република Македонија, Градски трговски центар ( ГТЦ ), Парк Жена-Борец, Зелено пазарче, Општа болница Св. Наум Охридски ( Градска болница ), Осигурување Македонија, Олимписки базен, Средно економско и правно училиште „Васил Антевски Дрен“, Гимназија „Р.Ј. Корчагин“, Основно училиште „11 Октомври“, Основно училиште „Димитар Миладинов“, зграда на Општина Кисела Вода, детски градинки, Тутунски комбинат, Сивус, Економски Институт, Факултет за физичка култура, Универзитет Американ Колеџ, Народна Банка на Македонија, Универзитет Св. Кирил и Методиј, трговските центри Веро и Рамстор, Меѓуградска автобуска и железничка станица, Македонска пошта, Поликлиника МВР, Комерцијална Банка, Алфа Банка и други институции потребни за лесно секојдневно функционирање на граѓаните. Објектот е во зона со развиена инфраструктура и сообраќајници, до него лесно се стигнува пеш, со возила и градски превоз, без нервози за паркирање.

На дофат на станарите и сопствениците на деловни простории се сите предности што ги нуди високиот урбан стил на живеење и бизнис во централното подрачје на Скопје.