Изградба

ПОЧЕТОК НА ГРАДБА 2015 – СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ 2017
Адора Flatiron, новиот урбан симбол на Скопје, започна да се гради на 31-ви јули 2015-та година, во предвечерјето на големиот национален празник Илинден, кога беа поставени темелите на овој препознатлив станбено-деловен комплекс.
омплексот Адора Flatiron Скопје започна да се гради на 31-ви јули 2015-та година, во пресрет на големиот национален празник Илинден.

Со посветена и пожртвувана работа на високопрофесионален тим на искусни и потврдени стручњаци и експерти за архитектура, градежништво, статика, електро-машинство, термо, акустични и други инсталации, за енергетска ефикаснот и илуминации, предводени од менаџерскиот тим, со ударничка работа на вредни и докажани градители, мајстори и неимари, грандиозниот проект Адора Flatiron Скопје беше изграден во рекорден рок од шест месеци, со поставување на 22 армирано-бетонски плочи. Овој градителкски подвиг беше реализиран со посветена деноноќна работа на агилна градителска машинерија, која работеше според „кинеско-јапонски“ рецепт, на македонски начин, со современи светски стандарди.

Ексклузивниот комплекс Адора Flatiron Скопје беше официјално отворен на 26-ти декември 2017-та година со свеченост на која присуствуваа голем број станари, гости и вработени. Објектот симболично го пуштија во употреба генералниот менаџер на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на МПЦ г.г. Стефан и Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев.

pocetok

img__1211