Инспирација – New York

Во срцето на Њујорк, на крстосницата меѓу две најпознати улици Петтата авенија и Бродвеј, во 1902-ра година е изграден облакодерот Fuller-Flatiron со совршена триаголна форма на железен чембер. Култната архитектонска икона на Менхетн, во која биле вградени 3.680 тони челик, била мотив за изградба на десеттици слични објекти во повеќе светски метрополи. Оваа зграда прерасна во траен урбан симбол и обележје на Њујорк од 1966-та, впишана е во националниот регистар на историски места во САД од 1979-та и прогласена за национално историско обележје во 1989-та година.

Облакодерот на 22 ката, дело на познатиот архитект Даниел Брнам од Чикаго, како знаменит симбол на Њујорк со ренесансна архитектура во стилот на убавата уметност е една од најпопуларните, најфотографирани и најсликани згради во светот, често дел од телевизиски реклами, документарни и играни филмови.

New York
FlatIron

Инспирација

Умешност е инспирираjќи се од старото и безвременското, да создадеме современо и усовршено, со сите атрибути на 21-виот век

Инспирација – FLATIRON

Умешност е инспирираjќи се од старото и безвременското, да создадеме современо и усовршено, со сите атрибути на 21-виот век

За проектантскиот тим на Адора инженеринг, вистински предизвик беше да се проектира Адора Flatiron Скопје, грандиозен комплекс според местоположбата, содржините, квадратурите, бројот на становите и деловните простори и новата симболика што објектот ја креира во урбаното јадро на Скопје. Инспирирани од зградата FlatIron, култната архитектонска икона на Њујорк од 1902 година, верувам дека создадовме убаво архитектонско дело што ќе биде белег на македонската метропола во 21-виот век. Објектот е последен збор во поглед на дизајнот, енергетската ефикасност, стабилноста, квалитетот, современите стандарди и новите технологии за квалитетно домување“.

← Назад