Ентериер

Ентериер FLATIRON


Исклучително интересната архитектура на објектот Flatiron со атриумот во средишниот дел, отворен кон небото и покриен со стаклен покрив, со хармонична комбинација на надворешниот и внатрешниот простор, беше темелната инспирација за креирање на најсоответно решение за уредување на ентериерот на комплексот, за што освен искусните архитекти од проектантското биро на Адора инженеринг, се ангажирани и реномирани дизајнери од европските држави.

Дизајнот на ентериерот на објектот е современ, во чекор со новото време, кој со природните материјали и неминливата, класична елеганција на внимателно осмислениот внатрешен простор, одлично кореспондира со надворешноста преку концептот на градење релација  „надворешност – внатрешност“.

Пространиот, естетски обликуван, осветлен и оплеменет влезен хол, модерно уреденото влезно фоаје, со заеднички содржини за одмор, другарување и релаксација на станарите и посетителите, оплеменето со природно зеленило и брендирани декоративни детали, во целата висина на објектот е покриено со атриум, од чиј стаклен покрив продира изобилство на природна светлина и свеж воздух во  комплексот.

Автентичноста на ентериерот се должи на декоративни ѕидни облоги од природен камен, гранит и мермер, со нежни бои, транспарентни нијанси и симболична форма, кои создаваат чувство на топлина и релаксираност од стресното секојдневие. Сите влезови се амбиентално осветлени, со елегантни масивни рамки од мермер, декоративно украсени со специјална метална решетка, која обезбедува личен простор за станарите на зградата, што дискретно ги одвојува од деловните простории. Ходниците кои водат кон домовите на станарите се модерни, добро димензионирани и амбиентално осветлени. Посебна атракција е ноќната надворешна илуминација на објектот, со осветлување од фотоволтаици.

Во срцето на комплексот, каде се вкрстуваат сите внатрешни патишта, е создадена оаза од вегетација во комбинација со клупи-фотељи за седење, за оддишка и одмор од урбаната средина, од каде се простира отворен син поглед нагоре кон небото. Внимателно избраните содржини во заедничкиот простор во внатрешноста на комплексот, префинетиот стил и дизајн, светлосните ефекти, смирувачките бои и форми, каде секој детал е суптилно креиран, зрачи со взаемна хармонија меѓу резиденцијалниот, деловниот и отворениот дел на комплексот, што создава сеопофатен концепт, исполнет со современа визија и нагласена уникатност на зградата Адора Flatrion, како идеално место за современо, интимно и квалитетно домување во урбаното јадро на Скопје.

 

Комплексот Адора Flatrion Скопје е добитник на престижната светска награда The BIZZ 2016 во Монте Карло за иновативност во стилот и квалитетот во домувањето.