дипл. инж. арх. Нина Стрезоска – проект менаџер, овластен енергетски контролор

Комплексот Адора Flatiron Скопје како вистински проектантски и градителски предизвик ќе биде врв на квалитетот што го нуди Адора инженеринг со примена на најновите стандарди и технологии од највисока класа на светскиот пазар.

Со цел на граѓаните да им понудиме поквалитетно и долгорочно поекономично домување, со изградбата на енергетски ефикасните домови започнавме први во Македонија, пет години пред донесувањето на законската регулатива, Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Правилникот за енергетска контрола. Во 2013-та година го изградивме првиот станбен објект со енергетски пасош А-класа во Македонија.

Елаборатот за енергетска ефикасност А-класа на станарите им гарантира до 6 пати пониска потрошувачка на енергија за греење и ладење, што се постигнува со употреба на најсовремени материјали и технологии за изолација од реномирани светски производители. Одличната термичка и звучна изолација на објектот Адора Flatiron Скопје,
репрезентативните плочки и мермер од увоз со модерен дизајн и најнови модели како декор на становите, деловните простории, влезовите и ходниците, на станарите ќе им понудат посебно пријатен амбиент за живеење и бизнис.

Блаже Манаилов, главен градежен координатор

Како организатор и координатор на работата на мајсторите, тесарите, ѕидарите, армирачите и градежните работници, гарантирам највисок квалитет на градба на објектот Адора Flatiron Скопје, кој ќе биде со врвна стабилност и цврстина.

Секој од 200-те ангажирани работници точно си ги знае обврските и одговара за својата работа, што значи дека внимаваме буквално секој милиметар од објектот да биде изведен на најдобар начин, според проектот и пропишаните стандарди.

Целото мое знаење, умешност и 25 годишно искуство ги вградувам во квалитетна изведба на објектот, кој верувам дека ќе биде еден од најубавите во Македонија и регионот во кој станарите ќе имаат цврст и штедлив дом, кој во зима двојно помалку ќе троши енергија за греење, а во лето нема да има потреба од клима уред“.

дипл. инж. арх. Вангел Ташовски, главен градежен инженер

Во објектот Адора Flatiron Скопје, како најголем кој моментално се гради во Скопје и Македонија, вградуваме најквалитетни градежни материјали, како што е бетонот со МБ 40 и арматура околу 20 до 30 % повеќе од пропишаното.

Со моето 36 годишно искуство во градежништвото, тврдам дека ова ќе биде најстабилен и најцврст станбено-деловен објект во Македонија. Комплексот се изведува со употреба на најквалитетните и најсовремени решенија за топлинска и хидрозаштита, а сите параметри потврдуваат дека тој ќе биде исклучително квалитетен објект, кој ќе ги заслужи и оправда парите кои граѓаните ги даваат за купување стан во него.

Ангажираниот стручен тим работи интензивно и посветено, за станарите во рекорден рок да добијат сигурен, атрактивен и топол дом на најдобра локација во Скопје.

дипл. град. инж Стефан Орачевски, раководител на градилиште

Целото стручно и научно знаење и 27 годишно искуство, стекнато во Македонија и Eвропските држави, ќе го применам во изградбата на Адора Flatiron Скопје, што е круна на мојата работа. Врвната цврстина на објектот се должи на неговата предимензионирана статика, армирано-бетонската плоча од 155 cm со зголемен процент на вградено железо,
арматура и бетони од проектираното и адитиви за бетоните, примена на Евро кодовите, преклоп на арматурата без прекин на три нивоа.

Од суштинска важност за статиката на комплексот со триаголна форма е неговото централно јадро-атриумот, што со армирано-бетонските платна му дава исклучителна стабилност и издржливост на целиот објект при евентуални посилни земјотреси.

Примената на повисоки стандарди од пропишаните, на станарите им гарантира безбедно живеење. Горд сум што сум еден од клучните луѓе во изградбата на Македонскиот Адора Flatiron Скопје, што за мене е животен предизвик.