proekt-1
дипл. инж. Билјана Веселиновска, проектант

Структурната поделба на деловен простор во приземје и мезанин и станбен простор на останатите 16 ката и три нивоа подземни паркиралишта, му дава урбан карактер на објектот Адора Flatiron Скопје, со што тој совршено се вклопува во околината.

Функционалното решение на становите прилагодени на формата на објектот, ги задоволува светските стандарди и различните потреби на станарите, а со декоративниот дизај, објектот го дооформува урбаниот лик на Скопје“.

proekt-2
дипл. инж. арх. Марија Блажеска, проектант

Атрактивниот комплекс Адора Flatiron Скопје е проектиран со својата доминантна, маркантна, грандиозна и оригинална архитектура, да остави печат врз градот Скопје во 21-виот век, надевајќи се на безвременост.

Проектиран по мерка на човекот, овој нов урбан белег на македонската метропола, во себе содржи простор и содржини, кои на оној кој тука ќе домува ќе му овозможат да се чувствува безбеден, комотен, современ, слободен и свој.

proekt-3
дипл. инж. арх. Софија Дуљанова, проектант

Елитниот комплекс Адора Flatiron Скопје по својата типологија е оригинален архитектонски израз кој остава силен впечаток на присутност во просторот и градското ткиво на Скопје и ја редефинира урбаната слика на метрополата.

И покрај грандиозноста, објектот обезбедува разновидност на станбените единици за хумано домување и задоволување на потребите на станарите, но пред сѐ се стреми да биде вистински ДОМ

proekt-4
дипл. инж. арх. Ванчо Ѓеорѓиевски, одговорен проектант

За проектантскиот тим на Адора инженеринг, вистински предизвик беше да се проектира Адора Flatiron Скопје, грандиозен комплекс според местоположбата, содржините, квадратурите, бројот на становите и деловните простори и новата симболика што објектот ја креира во урбаното јадро на Скопје.

Инспирирани од зградата FlatIron, култната архитектонска икона на Њујорк од 1902 година, верувам дека создадовме убаво архитектонско дело што ќе биде белег на македонската метропола во 21-виот век. Објектот е последен збор во поглед на дизајнот, енергетската ефикасност, стабилноста, квалитетот, современите стандарди и новите технологии заквалитетно домување“.