strucen-4
дипл. инж. арх. Ивана Бајкова-Шаља, менаџер за продажба

Објектот Адора Flatiron Скопје како спој на старото и новото, го донесе во современо Скопје шармот и духот на Њујорк. Посебноста на овој комплекс се должи на просторната ориентација, одличната функционалност и прекрасната рустикална фасада со француски балкони, кои на зградата и даваат романтичен изглед. Објектот со техничките карактеристики ги следи светските стандарди за екологија, енергетски заштеди и иновациите за квалитетен и пријатен живот.

strucen-3
дипл. инж. геол. Наташа Попова, менаџер за продажба

Адора Flatiron Скопје на купувачите им нуди голем избор на разновидни станови со површина од 31 до 268 м², кои се одликуваат со функционалност и можност за уредување по мерка на станарите.

Покрај стандардните елитни станови, граѓаните имаат ексклузивна можност во комплексот да изберат супер конфорни станови со прекрасен панорамски поглед на Скопје и центарот на метрополата, изградени според најсовремените трендови на „penthouse“ луксузните станови во висококатниците“.

strucen-2
дипл. економ. Елена Петровска, менаџер за продажба

Комплексот кој зрачи со специфична архитектура е првиот и единствен објект со ваков единствен стил во Скопје и Македонија.

Адора Flatiron Скопје ќе биде место за живеење на среќни и задоволни соседи, кои во пријатен амбиент ќе се дружат, ќе ги користат услугите на деловниот дел од комплексот, брзо ќе стигнат во строгиот центар на Скопје, во образовните, здравствени и финансиски установи и шопинг центрите. Уникатен објект за уникатно домување од светски ранг.

strucen-1
дипл. инж. Катерина Коршул, менаџер за недвижности

Адора Flatiron Скопје е перфекцијата во неимарскиот стил со што Адора инженеринг се претставува пред купувачите. Историјата на компанијата е потврда за убавите дела кои ги создадовме, заокружени со овој совршен објект, кој ги афирмира највисоките стандарди на современото домување.

Адора инженеринг беспрекорно го гради своето реноме, потврдено со многубројните национални и меѓународни признанија. Заедно влегуваме во нов период на уште поголема доверба.

Адора е Вашиот дом, а Вие наша вечна инспирација.