Честитка од Адора инженеринг за празникот Илинден

Адора инженеринг на сите граѓани, деловни партнeри, купувачи, вработени, пријатели на компанијата им го честита големиот празник Илинден, вечен потсетник на темелите на македонската државност. Одбележувајќи 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ, 2-ри август е Ден кога славиме и се потсетуваме на големиот број револуционери и борци за независна Македонија, кои ја испишаа историјата на македонскиот народ. Прославувајќи го 2-ри август, Денот на Републиката им упатуваме благодарност на сите херои од нашата историја чии идеали за слобода и независност ги преточија во реалност. Нивниот придонес не обврзува не само да го чествуваме големиот празник, туку да ја продолжиме нивната голема борба за напредна и успешна Р. Македонија.

Ilinden Adora