ЕКО ДОМОВИТЕ СО ДОЛГОРОЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СЕ НАЈИСПЛАТЛИВА И НАЈСИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

„Преку долгорочните заштеди на енергија и пари, капиталот вложен во недвижности и нов еко дом е најисплатлива и најсигурна инвестиција која за неколку години им се враќа на граѓаните“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор  на Адора инженеринг на прес конференцијата во Градежната комора на Македонија. На средбата со првите луше на градежните компании беше истакнато дека купувањето нов дом не е само за денес, туку и за идните генерации и дека енергетски ефикасните домови со европски квалитет на градба овозможуваат неколкукратни заштеди во споредба со старите станови.

„Адора инженеринг покрај тоа што гради докажано стабилни домови со 50 % поголема цврстина на бетоните од пропишаното, на купувачите им нуди висококвалитетни,  штедливи домови со значително намалени животни трошоци. Со термоизолираната фасада со 12 cm графитен стиропор и Rehau прозорите, потрошувачката на електрична енергија е до 76 %  помала споредено со старите станови. Во зимскиот период во домовите на Адора станарите во просек плаќаат по 24 денари на 1 м² за греење, а во летните жештини, нема потреба од вклучување клима уред до 37 ˚C, што резултира со значително пониски сметки за струја за разлика од порано. Купувачите бараат и препознаваат квалитет и тие знаат дека за купен квалитетен м² станбен простор во Македонија плаќаат доста пониски цени споредено со цените на недвижностите во другите држави“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор  на Адора инженеринг, кој во Сојузот на стопанските комори на Македонија апелираше побрзо да се врати поволната бизнис клима и ефикасноста на институциите за да се обезбеди континуитет на  стабилност  во градежниот  сектор, како најважен двигател на националната економија.

Komora 1