Почеток на градба

Комплексот Адора Flatiron Скопје започна да се гради на 31-ви јули 2015-та година, во пресрет на големиот национален празник Илинден.

pocetok
img__111

img__1211

Кажаа за FLATIRON

„Проектот вреден преку 20 милиони евра е најголемата домашна инвестиција во високоградбата во Македонија, со економски обрт од преку 40 милиони евра во двете насоки. За изградба на комплексот се ангажирани 350 градежни работници, искусни мајстори и неимари, високостручни кадри, подизведувачи, кооперанти и добавувачи, а во него ќе бидат вградени 25.000 м³ бетон и 2.500 тони железо. Верувам во себе, во мојот тим, во мојата земја Македонија и затоа сметам дека и во тешко време треба да се работи! Купената недвижност е најсигурна инвестиција и најцрвста валута со трајна вредност, за среќна иднина на повеќе генерации…

проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг

Кажаа за FLATIRON

„Адора инженеринг почна со изградба на една од најубавите згради во Скопје на локација што во минатото беше руинирана и запуштена, со што ќе се разубави влезот во општина Кисела Вода и ќе се добие функционален станбено- деловен комплекс кој ќе овозможи добар развој на општината и на Градот Скопје. Објектот кој ја зголемува конкуренцијата и понудата на станбениот и деловен простор и создава подобри услови за бизнис и живеење во Скопје, е резултат на интересот за инвестирање на македонски компании како Адора инженеринг, што како Град Скопје го поддржуваме и институционално и инфраструктурно“.

Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје

Кажаа за FLATIRON

„Изградбата на објектот Адора Flatiron Скопје ќе придонесе за подигнување на рејтингот на општината и преку естетскиот и функционален спој на архитектурата и дизајнот, ќе биде симбол на овој дел од градот и гордост на неговите жители“.

Билјана Беличанец-Алексиќ, Градоначалник на Општина Кисела Вода, Скопје