1

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 4 ДОМАЌИНИ-ДОМАРИ ВО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

1Адора инженеринг има потреба од ангажман на четворица домаќини-домари во  новиот атрактивен станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron Скопје, кои со работа ќе започнат на 15-ти декември годинава.

Кандидатите за работната позиција домаќин-домар треба да имаат завршено  минимум средно образование, да имаат претходно работно искуство, основно познавање на работа со компјутери и англиски јазик и познавње на работа со надзорни системи.

Домаќините ќе се грижат за тековно одржување на објектот Адора Flatiron Скопје и за заедничките простории, а по потреба ќе треба да прават и ситни поправки. Кандидатите треба да поседуваат организациска способност, да се комуникативни и флексибилни, подготвени да ги услужат и да им помогнат на станарите и посетителите на објектот во доменот на нивните овластувања.

Заинтересираните кандидати за работното место домаќин-домар, треба до 17-ти декември годинава да достават кратка биографија (CV) со мотивациско писмо, по меил пошта на: office@adora.com.mk , по што ќе се реализираат интервјуа.

Искористете ја можноста да остварете успешна кариера во Адора инженеринг,  водечката компанија во високоградбата во Македонија.

Fasada in vD cam 3 Fasada in vD cam 2(v2 i V3)f1 (128)