СЕРТИФИЦИРАНА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА – 80 % НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТАНДАРДИ ТИВОК ДОМ БЕЗ БУЧАВА

Адора инженеринг за прв пат во Македонија, во Адора Flatiron Скопје воведе систем на звучна изолација со индекс на звучна непропустливост до 68 db, во партнерство со светски познатата компанија Rigips Saint Gobain. За прв пат во Македонија во овој објект се верифицира звучната изолација со сертификат за акустичен комфор.
Со звучна изолација 80 % над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, со сертификат за акустични својства од светскиот бренд со 350 годишна традиција, RIGIPS ( SAINT GOBAIN ) на станарите во објектот Адора Flatiron, им се гарантира мирен дом, заштитен од „звучно загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во централното подрачје на Скопје.
Со новиот состав на подовите и повеќеслоен преграден ѕид стан-стан и стан-ходник, со акустична облога, со третман на петте принципи на звучна заштита, во соработка со еминентни домашни и европски стручњаци, компанијата обезбеди одлична звучна изолација на објектот. Мерењата извршени од страна на сертифицираната институција ГЕИНГ, со акредитирани методи, даде резултат воздушна звучна изолација ( ISO 16283-1:2014 ), индексот за намалување на звукот R’ изнесува: R’w=53,75 db
За прв пат во Македонија во објектот Адора Flatiron е извршено мерење на звучната изолација со испитување според „tapping“ уред, кој симулира „тропање“ на меѓукатна конструкција од страна на Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Адора инженеринг, пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на иновациите за поквалитетно домување во Македонија, посебно внимание обрнува на звучната изолација, со цел на станарите да им овозможи урбано домување со акустичен комфор и заштита од бучавата, што е од голема важност за комотно, квалитетно и пред сѐ за здраво домување. Благодарение на одличната, сертифицирана звучна изолација, станарите во атрактивниот комплекс Адора Flatiron Скопје имаат приватност и интимност во домувањето, заштитени од „звучното загадување“, со позитивни ефекти врз нивното здравје, во спокоен амбиент, со мирен сон, што ќе ги оттргне од чувството дека живеат во шпицот на динамиката во срцето на македонската метропола.
• Акустичен комфор значи ниско ниво на бучава. Повисока вредност на бучава има негативен ефект врз човечкото тело. Човечкиот праг на издржливост кој веќе се граничи со болка е 140 db, над таа вредност на бучава веќе може да предизвика оштетување на слухот. Но, не само еднократната изложеност на високо ниво може да предизвика штета, туку и долгорочната изложеност во средина каде има звучно загадување. Blue Acoustic гипсените плочи за звучна изолација на Rigips, кои се вградени во Адора Flatiron Скопје, се соодветно прилагодени на модерните потреби. Со употребата на Blue Acoustic за звучна изолација во ѕидовите за преградување, може да се обезбеди повисока звучна изолација без да се зголеми дебелината на ѕидот. Освен истакнатите акустични својства, површинската апсорпција на вода до max. 180 g/m² (RFI) ги прави погодни и за влажни простории (бањи), а класата на огноотпорност е EI30-EI120.