deloven pojadok SSK 2

Адора инженеринг со реформски предлог мерки до владата за подобрување на деловниот амбиент

deloven pojadok SSK 2

Градежната компанија Адора инженеринг поднесе повеќе предлог мерки до владата и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за подобрување на бизнис климата. Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој заедно со претставниците на градежните компании учествуваше на деловниот појадок со премиерот Зоран Заев и владините министри, организиран од Сојузот на стопански комори, на заедничка маса во директна комуникација со министерот за транспорт и врски Сугарески, отворија повеќе прашања важни за градежниот сектор. Директорот Чифлиганец во непосреден разговор со министерот Сугарески истакна дека градежниот сектор треба да остане двигател на македонската економија и дека тоа може да се постигне со заедничка соработка меѓу бизнисот, владата и институциите. Тој потенцира дека преку растот на градежниот сектор се развиваат голем број комплементарни дејности со кои заедно се движи економскиот напредок, што е цел и на бизнис секторот и на владата.

Адора инженеринг предложи конкретни измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за катастар, Законот за јавни набавки кои ќе им ги олеснат процедурите на градежните компании.

Во име на бизнис секторот Сојузот на стопански комори на деловниот појадок од владата побара реформа на инспекциските служби, сузбивање на сивата економија и активно учество на деловната заедница во креирањето на економските политики. Премиерот Заев, порача дека владиниот тим е отворен за соработка и сака да ги слушне барањата, сугестиите и предлозите на бизнис заедницата.

deloven pojadok SSK

1 2